Познати Тажна вест

Се самоуби братот на Јањуш: Поранешниот кошаркар со трогателна порака откако итно беше изваден од „Елита“

Јањуш беше итно изваден од реалното шоу во кое учествува „Елита“ на ТВ Пинк.

Се самоуби братот на Јањуш: Поранешниот кошаркар со трогателна порака откако итно беше изваден од „Елита“

Откако Михаило Јањушевиќ, кој е најмладиот брат на поранешниот кошаркар Марко Јањушевиќ – Јањуш, беше пронајден мртов во неговиот стан, целото семејство беше обвиено во црно.

Јањуш беше итно изваден од реалното шоу во кое учествува „Елита“ на ТВ Пинк.

Кога дознал за трагедијата, не можел да се смири, но утеха немало. Тој на својот профил објави фотографија во која со трогателни зборови му се обраќа на својот брат Михаил.

Јањуш не ја криеше тагата и болката, а овие зборови му ги посвети на својот најмлад брат:

-Барем само да се гушневме како порано, кога со нетрпение чекав да те видам додека играв во друга земја, кога ти донесов торба полна со слатки, кога ме сакаше најмногу, кога рече “мама“ за прв пат. Тогаш јадеше смоки, а јас и Борис се смеевме и сега плачеме драг мој.. Колку беше немирен, сите те караа и јас бев среќен. Се сеќавам кога ти почна прво одделение само ти се сликаше со капа иако беше забрането и беше најубав тогаш… Како да му кажам на некого дека те сакам најмногу… Како да кажам дека кога те одведов во зоолошка градина имаше 6 години, а јас 16.. Како да го преживееме ова душо? Како да ти кажам дека ме боли душата, како да ти кажам колку сум мислел на тебе и те чував во душата.. Како да го гушнам брат ми и да ни дадам до знаење дека не си таму… Кога и да и пратам на мајка ми пари, велев дел да ти прати тебе, за да имаш. Како мил мој не те гушнав ниту за последен пат. .. Те сакам драг брате, напиша тој.

To top