Познати свадба

Се ожени поранешниот маж на Тамара Тодевска, пејачката објави интересна порака на Инстаграм

Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка сношти, петок, 29 ноември 2024 година направија свадба во еден познат скопски угостителски локал. За неа премиера, за него – реприза!

Невестата која е во поодмината фаза на бременост блесна во тесна, припиена венчаница која ѝ го оцртува стомакот, додека младоженецот одбрал класичен костум.

На свадбената веселба меѓу званиците присуствуваале и многу познати личности. Но, иако за некого изненадување, за некого сосема нормално, присуствуваа и двете деца од првиот брак на младоженецот, ќерката Хана и синот Дарен, кои Димитровски ги доби со поранешната сопруга, поп пејачката Тамара Тодевска, сo која по седум години брак се разведоа, но очигледно останаа во добри односи.

За тоа сведочи фотографијата подолу која и самата Тамара ја сподели на своите Инстаграм приказни: „Спремни за кај тато на свадба“!

Од споделените фотографии и видеа на социјалните мрежи, може да се види дека меѓу специјалните гости на свадбата бил и Дарко Гелев-Брејк кој на младите им посака долг и среќен живот со безвременската балада „Лебедот бел“ на групата „Нокаут“.

Според информациите на некои од присутните званици, за микрофонот се фатил и пејачот Павле Камиловски, а меѓу познатите гости бил и познатиот стилист Александар Билјановски – Дадар.

Инаку Едина и Мачка својата љубов ја обелоденија кон крајот на минатата 2023 година, со фотографија од дочекот на тогаш новата 2024 година во родниот град на Александар, Гевгелија.

To top