Познати

Се омажи ќерката на Масимо Савиќ, судбоносното „да“ го кажа далеку од очите на јавноста

Се омажи ќерката на Масимо Савиќ, судбоносното „да“ го кажа далеку од очите на јавноста

Ќерката на покојниот пејач Масимо Савиќ, Мирна Савиќ, го кажа судбоносното „да“ во тајност, далеку од очите на јавноста.

Нејзиниот избраник е Игор Павловиќ, архитект со кого е во врска со години. Веста за свадбата се појави во јавноста дури откако радио водителката Нина Слишковиќ сподели фотографија со младенците на социјалните мрежи, заедно со емотивна порака:

„Дури и да одите до крајот на светот, без кирија ќе живее во моето срце засекогаш“, напиша таа.

Масимо Савиќ почина во декември 2022 година, а во тоа време неговата ќерка ги сподели на социјалните мрежи своите неостварени планови поврзани со свадбата и улогата на нејзиниот татко на тој ден:

„Денес, тројцата требаше да стоиме заедно вака, но пред матичарот. Тато планираше да не изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка“, напиша тогаш ќерката Мирна заедно со заедничка фотографија со нејзиниот татко и момче.

To top