Познати втора шанса?

Роденденска втора шанса или љубов која нема заборав? Тамара со јавна порака за Лука – „Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш!“

Урокот врз доскорашните љубовници Тамара Тодевска и Лука Радовиќ по се изгледа почна да попушта!?

Роденденска втора шанса или љубов која нема заборав? Тамара со јавна порака за Лука – „Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш!“

Урокот врз доскорашните љубовници Тамара Тодевска и Лука Радовиќ по се изгледа почна да попушта!?

Ако неодамна Тамара самата ја начна приказната дека е слободна мајка ставена пред нови љубовни предизвици и искуства, притоа почнувајќи ја годината сама по одмори со пријателите и децата, сега нештата тргнаа во поинаков правец.

Насоката, односно денот кога работите почнаа да се менуваат, барем оние преку виртуелниоит свет, се од денес (10-ти февруари) 33-от роденден на Лука.

Поводот за јавна честитка, Тамара го искористи за јавно да покаже и докаже какви се работите кога чувствата за славениот се во прашање.

-Те бирам тебе. Денес, утре и секогаш! Среќен роденден љубави, стои во описот на заедничката фотографија направена во месец мај лани за свреме на нејзиниот концерт каде пееше за настраданите во Кочани.

Иако се уште не дошле или не се вратиле на релација пријатели по социјалните мрежи, на Лука ова му беше топла и добредојдена роденденско љубовна честитка која и самиот ја стави на своите „стори“ објави.

Роденденска втора шанса или љубов која нема заборав, па заслужува и втора шанса, оставува времето да покаже.

Секако, најдоброто би било кога љубовта победува, а ова е доказ дека тргнала во победнички поход…

To top