Поранешната партнерка на Лијам Пејн, пејачката Шерил Кол, со која има син, првпат проговори по неговата смрт.
-Додека се обидувам да се помирам со овој катастрофален настан и да се справам со мојата тага во ова неверојатно болно време, би сакала да ве потсетам сите дека изгубивме човечко суштество. Лијам не беше само поп ѕвезда и славна личност, тој беше син, брат, вујко, драг пријател и татко на нашиот седумгодишен син, напиша таа на Инстаграм покрај фотографијата на Лијам со неговиот син.
-Синот кој сега мора да се соочи со реалноста дека никогаш повеќе нема да го види својот татко, предупреди таа.
Имено, Шерил и Лијам во 2017 година го добија синот Бер, кој продолжија да го одгледуваат заедно и по разделбата.
View this post on Instagram
-Она што најмногу ме вознемирува е тоа што еден ден Бер ќе има пристап до гнасните известувања и медиумска експлоатација што ги видовме во последните два дена. Ми се крши срцето што нема да можам да го заштитам од тоа во иднина. Ве молам, размислете која е целта на некои од овие натписи освен да нанесат дополнителна штета на сите што останаа скршени да тагуваат, пишува Шерил.
-Пред да оставите коментар или да направите видео, запрашајте се дали сакате вашето дете или семејството да го прочита. Ве молиме дајте му го на Лијам она малку достоинство што му остана по неговата смрт, нека почива во мир, завршува таа.
Пејачката на Girls Aloud и 10-годишни помладиот од неа член на One Direction беа заедно две години. Тие се запознале кога тој имал само 14 години на аудиција за X Factor, каде таа била судија.
Лијам Пејн почина во Буенос Аирес откако падна од третиот кат во хотел. Имаше 31 година.