Емили Балдони, сопругата на Џастин Балдони, за првпат проговори по скандалот со Блејк Лајвли, посветувајќи ја објавата на нејзиниот сопруг.
Во својата објава на Инстаграм таа му честиташе роденден на својот сопруг и порача дека повторно ќе го избере само него.
„Среќен роденден љубов моја“, напиша таа покрај фотографијата на која се бакнува со сопругот, додека нивниот син Максвел (7) е на рамениците на неговиот татко, а нивната ќерка Маја (9) ги гушка.
View this post on Instagram
-Го славиме мажот, сопругот и таткото што си. Би те избрала одново и одново, напиша шведската актерка.
Ова е првпат Емили јавно да изрази поддршка за Џастин во екот на неговата „правна војна“ со Лајвли. Актерот претходно зборуваше за тоа како неговите најблиски му помогнале да ги преброди тешките моменти.
За потсетување, Блејк Лајвли го обвини Балдони дека вметнал импровизирана непотребна сексуална содржина и сцени кои вклучуваат голотија во филмот на многу вознемирувачки начини пред снимањето.
Во тужбата се наведува дека Балдони импровизирал бакнежи и се распрашувал за сексуалниот живот на Блејк. Актерката исто така тврди дека импровизирал физичка интимност која не била ниту вежбана, ниту договорена.
Балдони потоа ги тужеше Лајвли и Рајан Рејнолдс, тврдејќи дека тие го присвоиле неговиот филм „I Ends With Us“ и се обиделе да го уништат со лажни обвинувања за сексуално вознемирување.