Познати Сега е подобро

Прво огласување на Опра по веста дека е хоспитализирана – еве со што се соочува водителката

„Бев во итната медицинска помош и бев дехидрирана. Устата ми беше сува, не можев да ја задржам водата во себе. Сè уште не сум на 100 проценти, но подобра сум“, рече таа.

Прво огласување на Опра по веста дека е хоспитализирана – еве со што се соочува водителката

Веста која го обиколи светот пред неколку часа е дека Опра Винфри итно е хоспитализирана, а нејзината пријателка Гејл Кинг откри дека водителката има сериозни дигестивни проблеми, односно дека завршила во болница поради цревни вируси.

Гејл сега преку Инстаграм откри дека Опра повеќе не е во болница, но имала здравствени проблеми.

„Бев во итната медицинска помош и бев дехидрирана. Устата ми беше сува, не можев да ја задржам водата во себе. Сè уште не сум на 100 проценти, но подобра сум“, рече таа.

„Пет лица во мојата куќа се исто така заразени. Измијте ги рацете, ми кажаа дека се шири со допир. Инфекцијата живее на кваките и оградите до 10 часа, ако ја допрете таа површина по заразено лице, ќе ја добиете и вие“, рече таа.

Официјална изјава испрати и нејзиниот портпарол до CNN.

„Госпоѓа Винфри се опоравува од цревниот вирус и прими интравенска инјекција за дехидрација по препорака на нејзиниот лекар. Секој ден се одмара и се чувствува подобро“.

To top