Сопругата на боксерот Вељко Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ го чека своето трето дете.
Како што неодамна откри гордиот татко, тие ќе добијат уште еден син, а неговата партнерка е во четвртиот месец од бременоста.
Семејствата Ражнатовиќ и Родиќ вчера славеа до доцна во ноќта, а со нив била и бремената Богдана која блескала од среќа.
Нејзината сестра Наташа Родиќ ја снимаше Ражнатовиќ како се весели, а на снимката може да се забележи како изгледа таа во четвртиот месец од бременоста.
-Мојата убавица, напиша Наташа на Инстаграм, а многу коментираат дека Богдана никогаш не била поубава.