Познати кралот веќе го започна лекувањето

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ПРВПАТ СЕ ОГЛАСИ ЗА СОСТОЈБАТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Го прашаа како е неговиот татко, ова е одговорот

Принцот Вилијам накратко и се заблагодари на јавноста за поддршката, велејќи дека „навистина ги цени сите што се толку љубезни“.

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ПРВПАТ СЕ ОГЛАСИ ЗА СОСТОЈБАТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Го прашаа како е неговиот татко, ова е одговорот

Принцот од Велс за првпат проговори откако беше објавено дека на неговиот татко, кралот Чарлс, му бил дијагностициран рак.

Тој вчера пристигна на гала вечера за поддршка на лондонската организација „Air Ambulance Charity“, чиј покровител е тој, а одговори и на новинарско прашање за здравјето на Чарлс.

Принцот Вилијам накратко и се заблагодари на јавноста за поддршката, велејќи дека „навистина ги цени сите што се толку љубезни“.

И покрај предизвикувачкиот период, Вилијам изгледаше во добро расположение.

За потсетување, не само што кралот Чарлс доби сериозна дијагноза, туку и неговата сопруга Кејт Мидлтон се опоравува дома по операцијата на абдоменот.

Поголемиот дел од службените обврски и товар на монархијата паднаа на Вилијам, па зад него стојат напорни денови исполнети со деловни обврски.

Чарлс го започна лекувањето на почетокот на оваа недела и моментално се одмора во својот дом во Сандрингем, Норфолк. Во Лондон долета и принцот Хари за да го поддржи својот татко и на кратко да се види со него, но се врати во САД.

Ненадејното, брзо доаѓање на принцот Хари и даде надеж на британската јавност за помирување со семејството, но кралските аналитичари истакнуваат дека нема „знаци“ дека го видел својот брат Вилијам и дека шансите двајцата да ги поправат односите се многу мали во свет на постојан конфликт.

To top