Познати кралско семејство

Принцезата Ана му подарила кожена тоалетна шолја на кралот Чарлс за Божиќ

Би се засрамил ако потрошите цело богатство на него, вели членот на послугата.

Принцезата Ана му подарила кожена тоалетна шолја на кралот Чарлс за Божиќ

Кога треба да му се даде подарок на некого што има сè, луѓето од британското кралско семејство за Божиќ имаат многу дилеми… Но, одговорот, се чини, лежи во смеата и шегите.

Имено, еден таков избор е бела кожена тоалетна школка, којашто принцезата Ана, според наводите, му ја подарила на нејзиниот брат, тогаш – принц Чарлс. Се забележува и дека нивните божиќни подароци секогаш се нискобуџетни.

Дел од традицијата на кралскиот божиќен собир во Сандрингам е и да се разменуваат подароци. Така, наводно, и кралот Чарлс не сака скапи подароци, а тоа го потврдува и неговиот батлер, Пол Бурел.

– Би се засрамил ако потрошите цело богатство на него, вели членот на послугата.

И Дијана им оставала непристојни работи, за да ги засрами другите… Понекогаш, тоа е и целта – за тоа служат и „смешните подароци“ коишто често се среќаваат низ годините.

– Вилијам во една прилика, доби календар со голи жени и целиот поцрвене. (Шегата) успеа, раскажува батлерот.

To top