Слаѓана Милошевиќ почина на 26-ти март на 69-годишна возраст по тешко боледување, а нејзин пријател сега откри како изгледале последните денови на рок принцезата.
Имено, модниот дизајнер Воислав Жакула сега раскажа како Снежана требало да се појави на неодамна одржаната ревија, но поради лошата здравствена состојба не можела.
-Се видовме пред последната „Модна недела“, но Слаѓана веќе беше во лоша здравствена состојба, па не ни отиде на тој настан. Се што се случи е голема загуба пред се за уметноста, и не само за музиката, туку за сите видови уметност кои Слаѓана како личност со многу таленти ги поддржа и имаше големо влијание. Таа ќе остане засекогаш како модна икона која никогаш нема да згасне, рече Воислав.
Тој откри каква била Слаѓана за соработка.
-Беше фантастична со мене бидејќи се поврзувавме на секое поле од првиот момент. Таа имаше доверба и тоа е голема чест за мене и нешто што секогаш ќе го доживувам како еден од најголемите лични успеси во она што го работам, рече тој.
Призна и дека не било воопшто лесно да се работи со неа и покрај меѓусебната доверба, бидејќи Слаѓана е препознатлива како уметник склон кон авангарден израз.
-Беше напорно бидејќи што и да замислив или почнав да правам, таа веќе носеше нешто слично. Навистина беше некој што пристапуваше многу студиозно и се обврза да ги исполни своите очекувања во секое време, како и очекувањата на публиката и луѓето на кои им се обрати, откри креаторот.