Познати нема да се пензионира

Познатиот режисер откри дека боледува од тешка болест: „Не смеам да излезам од дома“

Во мигов тој работи на ТВ-серијата „Неснимена ноќ“ (Unrecorded Night), којашто според ИМДБ е од жанрот драма-мистерија.

Познатиот режисер откри дека боледува од тешка болест: „Не смеам да излезам од дома“

Американскиот режисер Дејвид Линч во објава на својот интернет-простор вчера потврди дека боледува од белодробен емфизем поради „долгогодишното уживање во цигарите“, но во истовреме тој уверува дека „никогаш нема да се пензионира“.

Откако „го оставил тутунот, неговиот мирис и задоволството да запали цигара“, 78-годишниот режисер во објавата на „Х“ пишува дека „секое задоволство има своја цена“, а тоа што тој треба да го плати е болеста на белите дробови. Во интервју што ќе биде објавено во септемвриското издание на британското списание „Сајт енд саунд“ (Sight and Sound), режисерот на филмовите „Твин Пикс“, „Мулхоланд Драјв“ и „Морнарот и Лула“ („Златна палма“ во Кан, 1990) признава дека е помалку активен од порано и дека можеби за време на идните проекти ќе мора да им дава инструкции на своите актери од далечина.

Линч исто така истакна дека „може да помине само кратко растојание пред да остане без кислород“.

Тој потоа објави смирувачка порака на социјалните мрежи: „Пред две години се откажав од пушењето и добрата вест е дека, и покрај емфиземот, моето здравје е одлично и никогаш нема да се пензионирам“.

Во мигов тој работи на ТВ-серијата „Неснимена ноќ“ (Unrecorded Night), којашто според ИМДБ е од жанрот драма-мистерија.

Како режисер на бројни култни играни филмови, објавени меѓу 1977 и 2006 година, овој филмаџија беше номиниран за Оскар за „Човекот слон“ (1980), „Син сомот“ (1986) и „Мулхоланд драјв“ (2001). Доби почесен Оскар во 2019 година за целата своја филмографија.

Во 2017 година режисерот ја сними третата сезона од ТВ-серијата „Твин Пикс“ од 1990 година.

Најнови вести од Познати

To top