Со длабока тага денес сабота (20-ти декември) семејството на Драган Б.Костиќ ги извести роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина нивниот сопруг, татко, дедо.
По веста за смртта на македонската радиоводителка и ДЈ- ска легенда, Драган Б. Костиќ, колегите и пријателите се простуваат од „Диско селекторот“ кој почина на 75 годишна возраст.
Социјалните мрежи веќе се полнат за објави за збогување, а деталите за последното испраќање до вечноста веќе се познати за јавноста.
Имено, последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.