Турската актерка Мерјем Узерли, која многумина ја паметат по улогата на Хурем, реши да го промени својот изглед, а судејќи според реакциите на обожавателите, промената беше полн погодок.
Имено, таа реши да ја смени бојата на косата, а на Инстаграм објави фотографии од фризерскиот салон.
„Изгледаш како да имаш 25 години“, „Погледни ја оваа убавица“, „Сè ти изгледа убаво, но оваа боја на коса навистина те прави посебна“, „Ти си една од најубавите жени на сите времиња“, беа дел од комплиментите.
View this post on Instagram
Таа одамна стана модна икона и секое нејзино појавување на црвениот тепих го привлекува вниманието на јавноста.
Својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста. Во 2014 година ја доби ќерката Лара Џемима со бизнисменот Кан Атес. Втората ќерка Лили Кои ја роди во 2021 година, но не сакаше да открие кој е таткото, па рече дека сака некои работи да ги задржи за себе.
View this post on Instagram