Американскиот музичар, текстописец, композитор, музички продуцент, филмски и телевизиски продуцент и глумец Квинси Џонс почина на 91-годишна возраст.
Тој почина во неделата вечерта, во својот дом во Лос Анџелес, опкружен со своето семејство.
Роден е на 14 март 1933 година, а неговата кариера траеше повеќе од 70 години, со рекордни 80 номинации за „Греми“ награди и 28 добиени одличја. Неговиот публицист Арнолд Робинсон изјави дека Џонс починал синоќа во својот дом во населбата Бел Ер, во Лос Анџелес, опкружен со своето семејство, објави „Гардијан“.
Музиката ја засакал на училиште, каде што го запознал и Реј Чарлс.
Квинси Џонс важеше за еден од најголемите умови во историјата на музиката и телевизијата. Најголемо внимание, сепак, се чини, привлекоа неговите соработки со Френк Синатра, Реј Чарлс и Мајкл Џексон, за кого го продуцираше и познатиот албум „Thriller“ од 1982 година.
Неговата кариера траеше повеќе од 70 години, со рекордни 80 номинации за Греми награди и 28 победи.
Џонс беше една од најсестраните фигури во поп-културата на 20 век, можеби најпозната по продукцијата на албумите Off the Wall, Thriller и Bad за Мајкл Џексон во 1980-тите, што го направи пејачот најголемата поп ѕвезда на сите времиња. Џонс исто така продуцираше музика за Синатра, Арета Френклин, Дона Самер и многу други, пишува Гардијан.