Познати Неодамна ја откри вистината

Почина познат кантри музичар, се бореше со страшна болест

Пејачот ја остави сопругата Триша Лукас и нивните три деца. Имал и четири внуци.

Почина познат кантри музичар, се бореше со страшна болест

Легендата на кантри музиката Тоби Кит почина на 62-годишна возраст, пишува Daily Mail.

Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи.

-Тоби Кит мирно почина синоќа, 5-ти февруари, опкружен со своето семејство. Својата борба ја водеше храбро. Ве молиме почитувајте ја приватноста на неговото семејство во овој момент, се вели во пораката.

Пејачот ја остави сопругата Триша Лукас и нивните три деца. Имал и четири внуци.

Неодамна откри дека се бори со рак на желудникот.

-Ги минував сите хемотерапии, зрачење, операции и стигнав до точка каде што ми беше удобно со што и да се случи. Го подготвив мозокот за тоа и онака бев на добро место, изјави Кит.

Најнови вести од Познати

To top