Пејачот Ацо Бабиќ, кој своевремено пееше во бендот „Маратонци 021“, почина по долго и тешко боледување на 52-годишна возраст.
Погребот е денеска на градските гробишта во Нови Сад.
На социјалната мрежа Фејсбук пријателите се збогуваат со Ацо со трогателни зборови:
„Твоите песни остануваат…“, „Не е доволно да се каже дека сум шокиран, на квадрат… Ацо Бабиќ патувај со Господ“, „Последен поздрав до мојот колега Ацо Бабиќ…Патувај со ангелите, мое искрено сочувство до семејството“.
Ацо Бабиќ е роден на 13 април 1973 година во Бјелина, како трето дете на неговите родители. Пораснал и образование завршил во Босна и Херцеговина.
На почетокот на кариерата, настапувал во група, а потоа комплетно преминува во вокални солисти и со бендот „Маратонци 021“ заминува во професионалните води со кои во август 2000 година го издава своето музичко првенче за издавачката куќа „Реноме“ од Бјелина наречено „Кој ќе плаче порано“. Албумот им носи многу покани за настап во Босна и Србија, па во декември 2002 година ќе следи втор албум, но овој пат за издавачката куќа „Гранд продукција“.
По шест години повеќе од успешна соработка со бендот, тој сепак одлучува да продолжи како солист, но и како текстописец, композитор и извршен продуцент на комплетниот албум насловен „За љубовта“.
Овој албум го издава во соработка со издавачката куќа „ВИП“ од Белград, на почетокот на 2005 година. Неговиот талент и песните за кои самиот ја пишува музиката и текстовите го воведуваат во нов начин на учество во поп-сцената, бидејќи добива покани од колегите за соработка на нивните албуми.