Поранешната НФЛ-ѕвезда О Џеј Симпсон почина на 76-годишна возраст, по битка со ракот што му беше дијагностициран во февруари, објавија американските медиуми.
Неговиот живот беше обележан со таканареченото „Судење на векот“ во 1995 година, кога беше обвинет за убиство на неговата жена Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, но потоа беше ослободен. Судењето беше телевизиски емитувано и остана во фокусот на јавноста со години. Никој не беше осуден за ова злосторство по завршување на судскиот процес.
Во 2008 година Симпсон беше обвинет и осуден за организирање грабеж во хотел и казино во Лас Вегас со петмина соизвршители и за тоа помина десет години во затвор.
Во текот на спортската кариера беше најкорисен играч во НФЛ-лигата во американски фудбал во 1973 година. Во 1980-те и 1990-те Симпсон стана популарен и како актер во филмови и во реклами.