Познати Тажна вест

Почина младата пејачка Јасна: Публиката ја освои со прекрасниот глас, но и со тешката животна приказна

Почина младата пејачка Јасна: Публиката ја освои со прекрасниот глас, но и со тешката животна приказна

Пејачката Јасна Бошњаковиќ, која се прослави по учеството на музички натпревар, почина синоќа на 48-годишна возраст.

Јасна боледуваше од рак на крајниците, а иако летово беше оперирана, неодамна нејзината состојба нагло се влоши.

И покрај тоа што имала тешко детство, бидејќи на мали години ги изгубила родителите, таа никогаш не ја симнала насмевката од лицето.

-Пораснав во Ужице со родители кои починаа млади. Мајка ми почина кога јас бев седмо одделение, а татко ми кога јас бев средно училиште. По смртта на мајка ми, татко ми се ожени, па јас и брат ми пораснавме со нашата маќеа, рече таа во едно интервју и посочи дека често и недостасувале родителите.

-Беше тешко кога ја чувствуваш таа празнина, признала таа и додала дека така се чувствувала додека не го родила своето дете.

Веста за ненадејната смрт на пејачката ги погоди нејзините колеги.

Јасна се прослави по учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, за кое се пријави на 43 години, а пред натпреварот работеше на различни работни места.

Најнови вести од Познати

To top