Познати

Почина мајката на Никол Кидман: Тажната вест ја дознала неколку часа пред да ја добие наградата за најдобра актерка во Венеција

Почина мајката на Никол Кидман: Тажната вест ја дознала неколку часа пред да ја добие наградата за најдобра актерка во Венеција

Мајката на познатата актерка Никол Кидман почина, а таа тоа го дозна неколку часа пред да биде прогласена за најдобра актерка за улогата во филмот „Babygirl“, на филмскиот фестивал во Венеција, кој заврши во саботата.

Никол Кидман не можеше да се појави на настанот, па режисерката на филмот „Babygirl“ Халина Рејн и се обрати на јавноста и ја прочита изјавата на актерката.

-Денеска пристигнав во Венеција, набргу потоа дознав дека мојата прекрасна и храбра мајка штотуку почина. Во шок сум и морам да се вратам кај моето семејство, но оваа награда е за неа, се вели во соопштението.

Еротската драма „Babygirl“ е за моќна извршна директорка која ја доведува во прашање нејзината кариера и семеен живот со афера со помлад практикант.

Најнови вести од Познати

To top