Познатиот доајен на југословенскиот и српскиот театар, Илија Ика Башиќ почина на 91-годишна возраст.
Илија беше еден од основачите на Друштвото на филмски и телевизиски работници на Војводина.
Ќе остане запаметен по бројни епизодни улоги, меѓу кои се и некои многу култни продукции како што се „Кожаре“, „Појадок со ѓаволот“, „Чувари на плажата во зима“ и „Тито и јас“.
Имаше и многу забележителна професионална улога во основањето на филмската продукција во САП Војводина.
Погребот на Ика Башиќ ќе се изврши во сабота на 24-ti февруари во 10:30 часот на Градските гробишта во Нови Сад. (МИА)