Познати моден гигант

Почина италијанскиот моден креатор Валентино

Во 1960 година, тој беше ко-основач на модната куќа Валентино и е рангиран на врвот на таа професија заедно со Џорџо Армани и Карл Лагерфелд.

Почина италијанскиот моден креатор Валентино

На 94-годишна возраст денеска почина Валентино Гаравани, италијански џет-сетерски моден креатор чии гламурозни фустани, често во неговата „заштитна Валентино-црвена боја“, се истакнуваа на модните ревии речиси половина век, соопшти денеска неговата фондација.

Тој беше еден од модните гиганти на 20 век, а неговите креации ги носеа Елизабет Тејлор, Ненси Реган, Шерон Стоун, Џулија Робертс и Гвинет Палтроу.

Во 1960 година, тој беше ко-основач на модната куќа Валентино и е рангиран на врвот на таа професија заедно со Џорџо Армани и Карл Лагерфелд.

Ковчегот со неговото тело ќе биде изложен во седиштето на неговата фондација во Рим в среда и четврток, а погребот ќе биде извршен в петок во Рим.

Најнови вести од Познати

To top