Познати

Почина актерката Џена Роландс од „The ​​Notebook“

Почина актерката Џена Роландс од „The ​​Notebook“

Американската актерка Џена Роландс, на пошироката јавност најпозната по улогата во филмот The Notebook, почина на 94-годишна возраст.

Роландс, која беше номинирана за Оскар за „Жени под влијание“ од 1974 година и „Глорија“ од 1980 година, почина во својот дом во Индијан Велс, Калифорнија. Причината за смртта не е прецизирана, но таа боледувала од Алцхајмерова болест, пишува Deadline.

Таа се повлече од актерството во 2015 година, а во кариерата освои четири Еми награди, два Златни глобуси и заработи две номинации за Оскар. Истата година добила почесна награда Оскар за нејзината долга актерска кариера.

Таа играше лик со Алцхајмерова болест, а потоа се разболе од оваа болест

Хит-филмот The Notebook беше режиран од нејзиниот син Ник Касаветес во 2004 година, кој неодамна зборуваше за Entertainment Weekly за тоа како неговата мајка глуми лик кој боледува од деменција, која на крајот и самата ја добила.

-Поминавме многу време зборувајќи за Алцхајмерова болест, сакајќи да бидеме автентични, а сега, во последните пет години, таа има Алцхајмерова болест. Таа е во целосна деменција. И тоа е толку неверојатно – го доживеавме, таа ја глумеше, а сега таа ја има, рече тој.

Најнови вести од Познати

To top