Актерката Пети Јусутаке, која се прослави со улогата во „Ѕвездени патеки“, почина по долга и тешка битка со ракот на 71-годишна возраст.
Смртта на познатата актерка фрли црнина на светската кинематографија, а тажната вест ја потврди долгогодишниот менаџер и пријател на актерката, Кајл Фриц за Deadline.
-Уживавме да работиме заедно. Ќе ми недостига нејзиниот талент и упорност, но најмногу пријателството, изјави Кајл Фриц за странските медиуми.
Пети Јусутаке е најпозната по улогата на медицинската сестра Алис Огава во франшизата „Ѕвездени патеки“, која постигна голема популарност низ целиот свет и стекна огромен број обожаватели низ сите краеви на планетата.