По апсењето на нејзиниот сопруг Џастин Тимберлејк, Џесика Бил неодамна беше фотографирана во Њујорк, а обожавателите забележаа дека и недостасува бурмата.
Имено, актерката моментално работи на снимањето на филмот „The Better Sister“ во Њујорк, а медиумите забележаа дека таа е насмеана и расположена. Но, бидејќи не ја носела бурмата, фановите се сомневаат дека двојката наскоро може да се разведе.
https://t.co/YwNOsUrc3R
Jessica Biel ditches her wedding ring as she films in NYC amid husband Justin Timberlake’s DWI scandal – as he prepares for Madison Square Garden concert.We don’t blame her one bit either. Naughty girl. pic.twitter.com/XnKFdE5cWc
— SNN (@STONENNEWS) June 26, 2024
Сепак, Бил присуствуваше на концертот на Џастин во Медисон Сквер Гарден, а на видеата кои кружат на социјалните мрежи таа танцувала и се забавувала речиси цела вечер.
Jessica Biel supports Justin Timberlake at his first at Madison Square Garden Concert in New York City
🎥: TMZ pic.twitter.com/T6xz6d96j1
— Stream ➡️ “Everything I Thought It Was” (@TimberBielPics) June 26, 2024
Инаку, Тимберлејк минатата недела беше уапсен во Њујорк бидејќи возел во алкохолизирана состојба, а според полициските извештаи не застанал на знакот „стоп“ и не возел по една лента. Тој одбил да направи алкотест, тврдејќи дека испил само едно мартини.
Набргу по ослободувањето од притвор, тој ја продолжи својата турнеја, каде што им се заблагодари на своите обожаватели што останале со него дури и по инцидентот.