Со години кружат гласини дека познатиот холивудски актер Леонардо ди Каприо ја напушта секоја девојка штом ќе наполни 25 години. На почетокот на оваа година, моделот на Плејбој, Хајк Конингс, сподели што рекол актерот кога го прашала зошто го прави тоа.
Актерот беше поврзан со актерката Нина Агдал во 2016 година, но парот раскина кога Агдал наполни 25 години. Неговата врска со манекенката Камила Мороне исто така заврши само еден месец по нејзиниот 25-ти роденден.
На почетокот на оваа година, моделот на Плејбој, Хајк Конингс, раскажа што се случило за време на состанокот со Ди Каприо во клуб во Лос Анџелес, во кој може да се влезе само со покана, пренесува Унилад.
„Го видов како седи на масата во црна маица со качулка и црна капа. Остваривме контакт со очите“, изјави Хике, која беше на насловната страница на холандскиот магазин „Плејбој“.
View this post on Instagram
Таа тврди дека менаџерот на Ди Каприо и рекол дека актерот сака да разговара со неа, па таа отишла до неговата маса и ја искористила можноста да го праша за гласините за неговите врски со жени помлади од 25 години. Според неа, актерот ја изненадил со својот одговор и „признал дека е виновен“.
Таа исто така рече дека се бакнувале, но нагласила дека „тоа не било најдоброто искуство“. Му рекла дека не го познава доволно за да продолжи со него и по бакнежот, а според неа Леонардо и после тоа бил многу љубезен.