Врската на српската пејачка Анџела Игњатовиќ – Бресквица со нејзиното момче кое е полицаец е на „стаклени нозе“ поради големиот притисот од јавносата.
Бресквица е веќе две години во врска со полицаецот Никола, кој е осум години постар од пејачката. Тој поради неговата работа не сака да биде експониран во јавноста и многу му смета кога ќе биде фотографиран, а сега по натпреварувањето за „Беовизија“ поради големата популарност на неговата девојка тој има голем проблем со истата.
Иако тие двајца генерално убаво се сложуваат и тој ја поддржува Бресквица во се, извор близок до парот за српските медиуми вели дека пејачката е во паника дека Никола може да ја остави поради притисок на јавноста. Анџела на секаков можен начин пробува да го заштити, па дури имале и разговор во кој пејачката му рекла дека по оваа бура тие повторно ќе уживаат во нивнта врска како порано.