Познати

ОВОЈ СОВЕТ ОД ЦЕЦА ВЕДНАШ ГО ПРИМЕНИЛА КАЈ ДЕЦАТА: Мелина вечно и е благодарна на пејачката, додека Харис Џиновиќ никогаш не го забранил тоа!

ОВОЈ СОВЕТ ОД ЦЕЦА ВЕДНАШ ГО ПРИМЕНИЛА КАЈ ДЕЦАТА: Мелина вечно и е благодарна на пејачката, додека Харис Џиновиќ никогаш не го забранил тоа!

Разводот помеѓу Милена и Харис Џиновиќ веќе е топ тема во медиумите неколку недели наназад.

Тие одлучија да се разведат по 24 години брак, а од неодамна медиумите дознаа и дека синот на пејачот не зборува со својата мајка веќе два месеци.

Децата кои таа ги има со пејачот останаа да живеат со Харис во нивната вила на Сењак, додека модната креаторка се иселила од куќата.

Своевремено Мелина посоветувана од Цеца ги префрлила децата од државно во приватно училиште во кое наставата се одвивала на англиски јазик, а таму оделе и Анастасија и Вељко, пренесуваат српските медиуми.

Инаку Харис признал пред медиумите и дека децата тешко ја поднесуваат ситуацијата.

-Шокантно го поднесуваат разводот, бидејќи намерата на мајка им беше да го затворат нивниот татко, изјавил тој.

Додал дека не знае дали ќерката Џина се слуша со мајка и, но дека синот Кан не сака да зборува со неа.

Поврзани теми

To top