Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време експериментира со модата, особено откако е дел од жирито на „Ѕвездите на гранд“.
Некогаш се појавува скоцкана од глава до пети, а понекогаш бира лежерни комбинации кои секоја жена сака да ги ископира штом ќе ги види.
А таков случај на комбинација која може да се ископира се случи и на последното снимање на музичкото шоу кога Цеца се појави во модерни рамни чизми до колена.
Долгите црни чизми ги искомбинира со удобни пантолани и кошула со анимал принт.
Косата и беше собрана во пунџа, а на лицето имаше големи очила за сонце, додека на рамото имаше и чанта во исто така црна боја.