Петра Дивац, ќерката на познатиот кошаркар Владе Дивац, е вљубена во Михајло Веруовиќ од 2021-ва година.
Иако не сака често да се експонира јавно, Петра е активна на социјалната мрежа Инстаграм каде со задоволство споделува детали од своето секојдневие со своите следбеници.
Сега сподели фотографии со својот партнер по повод еден многу важен ден во годината за неа, а тоа е роденденот на Михајло. Таа по тој повод му испратила честитка, а коментарите и честитките на нејзините следбеници набрзо почнале да се слеваат.
Љубовта на младата двојка очигледно цвета, а од заедничките слики кои Петра ги објавува се гледа дека тие добро се забавуваат и често излегуваат и патуваат заедно.
Инаку, Михајло е од Пријепоље, студент по медицина, има одлични односи со семејството Дивац. Со Петра веќе долг период живеат заедно.