Деновиве сите зборуваат дека кралот Чарлс има рак. Не е познато за каков вид на рак се работи, но откриен е при неодамнешниот третман за зголемена простата.
По дијагнозата, на социјалните мрежи повторно почна да се шири бизарно видео од крунисувањето на кралот во 2023 година. Во еден момент за време на крунисувањето, гледачите забележале необична сцена на влезот во Вестминстерската опатија.
Станува збор за маж кој бил облечен во црна облека, а неговиот изглед многумина ги потсетил на она што се нарекува „симбол на смртта“. Уште од тогаш, многумина на социјалните мрежи тврдеа дека тоа не е добар знак.
I REMEMBER ….
Do you remember the grim reaper walking by last year when King Charles III was crowned as the King?
Pay attention to the Archway at the back. pic.twitter.com/QvqfnO4Iib— Carolann (@Khaleesicorleo) February 6, 2024
Некое време подоцна беше откриено дека всушност станува збор за помошник кој учествува во верски церемонии. Сепак, видеото повторно почна да кружи на социјалните мрежи откако беше објавено дека Чарлс има рак.