Легендарниот рок пејач и фронтмен на Black Sabbath, Ози Озборн, почина на 22 јули на 76-годишна возраст, опкружен со своето семејство. Сега причината за смртта е официјално откриена.
Според официјалниот извештај, причина за смртта била акутен миокарден инфаркт и срцев застој, пишува Дејли Меил.
Ози, кој во 2019 година откри дека боледува од Паркинсонова болест, беше погребан минатата недела на имотот на неговото семејство, за време на приватна церемонија на која присуствуваа членови на семејството и бројни претставници на рок сцената, вклучувајќи ги Мерилин Менсон и гитаристот на Ози, Зак Вајлд.
Озборн се збогува со публиката со последен настап со симболично име „Back to the Beginning“.