Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството над Александар Поповиќ на неговиот татко Милан Поповиќ, што значи дека ѝ е одземено на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.
По донесувањето на одлуката првпат се огласи Милан Поповиќ.
-Врховниот суд е највисоката судска инстанца во Република Хрватска. Пресудата беше донесена со едногласна одлука на советот од 5 врховни судии. Одлуката е праведна и јас сум задоволен, но приказната сè уште не е завршена. Жупанискиот суд во Сплит и другите судии во овој случај му нанесоа ненадоместлива штета на нашето дете, изјави Милан Поповиќ за РТЛ, а потоа додаде:
„Ќе продолжам да ги користам сите законски средства за да ги демаскирам сите кои учествувале во тоа и да бидат соодветно санкциониран за тоа. И за крај, оваа одлука не значи дека мајката нема да може да го види детето. Во тие 20 месеци кога детето живееше со мене, мајката не дојде да го земе детето повеќе од половина од терминот, а што е уште полошо, не ни бараше повеќе да биде со детето. Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ, сезона 156.“