Познати

ОГРОМНИ ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ И ЗБОРОВИ ОД КОИ СЕ ТРЕСАТ СИТЕ: Северина ја напушти Хрватска и првпат се појави по тешкиот период, имаше што да порача!

ОГРОМНИ ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ И ЗБОРОВИ ОД КОИ СЕ ТРЕСАТ СИТЕ: Северина ја напушти Хрватска и првпат се појави по тешкиот период, имаше што да порача!

Северина конечно се појави во јавноста по одземањето на старателството над синот Александар кој го има со поранешниот сопруг Милан Поповиќ.

Имено, таа вечерва има закажан настап во Јахорина, поради што замина во Босна и Херцеговина. Во долго палто и очила за сонце се сликала и видеото го објавила на својот Инстаграм.

– Но јас не бегам од никого. Ќе се вратам, порача Северина. Да потсетиме, претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ го коментираше случајот на пејачката и одлуката на Врховниот суд да и го одземе старателството над синот Александар.

– Не навлегувам во работата, не знам. Тоа трае веќе девет години, тоа момче веројатно веќе добило седа коса. Девет години, тоа дете сигурно веќе полудело- рече Милановиќ, а го спомна и Врховниот суд.

– Не знам какви се мајка му и татко му, но каде се тие судови? На кого да му се префрли? На претседателот на Врховниот суд? Тој тука не може ништо… Можеби нешто треба да се смени во Уставот – заклучил Милановиќ.

Најнови вести од Познати

To top