Познати Убиство од небрежност

Одлучено е: Судот во САД нема да го преиспита обвинението против Алек Болдвин

 Халина Хачинс беше убиена во октомври 2021 година кога Болдвин ја застрела со пиштолот што го користеше додека вежбаше да снима сцена во филмот.

Одлучено е: Судот во САД нема да го преиспита обвинението против Алек Болдвин

Судот во Ново Мексико денеска ја отфрли можноста за преиспитување на обвинението против актерот Алек Болдвин за фаталното пукање на сетот на филм во 2021 година, кога беше убиена Халина Хачинс.

-Бидејќи во изменетото барање на државата се наведени аргументи кои веќе биле изнесени, како и аргументи кои државата одлучила да не ги презентира порано, судот смета дека изменетото барање не е доволно, стои во одлуката на судијата Марлоу Сомер.

Адвокатите на Болдвин тврдеа дека боевата муниција што дошла во рацете на локалните органи за спроведување на законот во врска со истрагата била „скриена“ од нив.

Сомер истакна дека проблемот со доказите за муниција „непотребно ја одложува постапката“ и дека е „многу штетен“ за Болдвин.

-Државата не изнесува никакви фактички или правни аргументи кои би го оправдале одобрувањето на предлогот за повторно разгледување, се наведува во одлуката.

Халина Хачинс беше убиена во октомври 2021 година кога Болдвин ја застрела со пиштолот што го користеше додека вежбаше да снима сцена во филмот.

Најнови вести од Познати

To top