Познатата модна дизајнерка Мелина пред само неколку месеци се разведе од сопругот Харис Џиновиќ, а таа веднаш по разводот донесе драстична одлука.
Мелина по разводот со Харис од Србија се преселила на Азурниот брег, каде започнала новиот живот, а веќе беше објавено и дека го сменила презимето.
Креаторката ретко се огласуваше по разводот, но сега со една фотографија ја разреши целата неизвесност за нејзиниот живот.
Имено, таа објави слика од луксузна венчавка во Монте Карло и покажа еден детаљ, а тоа е нејзиното ново презиме.
Таа го фотографирала местото кое и било резервирано на кое пишува: „Мелина Галиќ“, што е нејзиното моминско презиме.