Познати

Ново обвинение: Диди наводно дрогирал и силувал 10-годишно момче

Тужителот тврди дека се онесвестил, а кога се разбудил, му биле симнати панталоните. Поради тоа верува дека бил сексуално злоставуван. Почнал, вели, да плаче, а Диди наводно му рекол дека ќе им наштети на неговите родители ако било што каже. Мажот навел дека сепак се им кажал на родителите, но се плашеле да го пријават Диди.

Ново обвинение: Диди наводно дрогирал и силувал 10-годишно момче

Шон Диди Комбс е обвинет за дрогирање и силување на 10 годишно момче во новата тужба поднесена во понеделникот, пренесува Page Six. Тужбата во него име ја поднесе адвокатот Тони Базби.

Тужителот тврди дека се се случило во 2005 година кога момчето со своите родители дошло во Њујорк за да присуствува на аудиција организирана од Диди. Раперот, како што тврди, го запознал во хотело во близина на салата Madison Square Garde. Тогаш, се наведува, на Диди му отпеал неколку песни, а тој ми кажал дека „би можел да го претвори во ѕвезда“ и го прашал „колку многу сака да биде ѕвезда“. 10 годишното момче ми орговорило дека „би направило се за да стане ѕвезда“.

Испил сок од кој се чувствувал чудно

Диди потоа на член на својот тим му наредил на детето да му даде сок во кој, тужителот верува, дека имало дрога. Момчето вели дека се чувствувало чудно кога го испило сокот, а Диди наводно му рекол „Мораш да правиш работи кои понекогаш не сакаш да ги правиш“, а потоа како што се тврди, го присилил на орален секс.

Тужителот тврди дека се онесвестил, а кога се разбудил, му биле симнати панталоните. Поради тоа верува дека бил сексуално злоставуван. Почнал, вели, да плаче, а Диди наводно му рекол дека ќе им наштети на неговите родители ако било што каже. Мажот навел дека сепак се им кажал на родителите, но се плашеле да го пријават Диди.

Тимот на раперот ги демантираше новите обвинувања.

-Адвокатот зад оаа тужба повеќе е заинтересиран за медиумско внимание отколку за вистината, што е очигледно од неговите постојани појавувања во медиумите. Како што рековме и претходно, господинот Комбс не може да одговори на секое тврдење кое е лажно и смешно. Вистината ќе се докажува на суд, порачаа тие.

Диди бараше забрана за објава на информации за случаите во медиумите

Раперот неодамна бараше судот да забрани објави на информации во медиумите за неговите случаи. Судијата Арун Субраманиан во петокот го одби барањето, но прифати сличен налог кој го предложи правниот тим на Диди.

Според налогот, ФБИ, истражителите и правиот тим на Диди ќе мора да ги почитуваат законите кои им забрануваат објавување на информации за работата на поротата, а кои може да влијаат на правичноста на судењето, пренесува Page Six.

To top