Познати планираат патување

Нов почеток за Ирина Шаек и Том Брејди? Извор близок до парот тврди дека повторно се зближиле

Според списанието Page Six, извори блиски до Ирина Шаек и Том Брејди тврдат дека тие повторно се здружиле повеќе од една година по завршувањето на нивната кратка романса.

Нов почеток за Ирина Шаек и Том Брејди? Извор близок до парот тврди дека повторно се зближиле

Ирина Шаек и Том Брејди наводно се повторно заедно.

Според списанието Page Six, извори блиски до Ирина Шаек и Том Брејди тврдат дека тие повторно се здружиле повеќе од една година по завршувањето на нивната кратка романса.

-Том и Ирина решија повторно да се состануваат и се отворени за тоа каде ќе ги однесе оваа нова фаза, открил изворот.

Нивната врска започна во средината на 2023 година и заврши во октомври истата година, по помалку од четири месеци. Иако накратко беа во врска, извори тврдат дека повторно почнале да разговараат и планираат заедничко патување.

Ирина Шајк претходно беше во четиригодишна врска со холивудскиот актер Бредли Купер, со кој ја има седумгодишната ќерка Леа Де Сејн. Том Брејди, по разводот со поранешната сопруга Жизел Бундхен, исто така е сингл.

Нивниот брак заврши во октомври 2022 година по 13 години, а имаат две деца Бенџамин и Вивијан. Тој го има и синот Џек со поранешната партнерка Бриџит Мојнахан.

Брејди и Шаек првпат се сретнаа во мај 2023 година на венчавката на наследникот на уметничката династија Џо Нахмад и моделот Медисон Хедрик во Италија, а оттогаш беа поврзувани од различни медиуми.

To top