Пејачката Николија Јовановиќ се обидува да го сокрие приватниот живот од очите на јавноста, а ретко кога открива како го поминува времето со семејството и пријателите.
Сега Николија на својот Инстаграм профил објави видео на кое покажа дека топлиот јунски ден го поминува сама во природа. Имено, пејачката уживала во возењето ролери, а во таа прилика облекла виолетова топ блуза и шорц, кои одлично ја истакнале нејзината фигура.
Да потсетиме дека Николија еднаш плачеше поради нејзината мајка Весна Змијанац.
-Мајка ми не пее подобро од мене, таа пее подобро од сите. Јасно? Не пеам како мајка ми и не готвам како мајка ми, но јас сум подобра мајка од мајка ми. Јас сум пообразована од мајка ми. Јас сум подобра жена од мајка ми. А знаете зошто? Затоа што таа ми е мајка. Немаше кој да ја научи неа, но таа ме научи мене. Таа ме научи да бидам подобра мајка, рече тогаш Николија.