Актерот Арнолд Шварценегер секоја година треба да плаќа по еден долар на Warner Bros, а причината за некои е сосема невообичаена.
Познато е дека Шварценегер го играше господинот Фриз во филмот „Batman & Robin“ од 1997 година, а токму поради таа улога дава по еден долар годишно на Warner Bros.
Не е тајна дека актерите понекогаш земаат реквизити од познати филмови за да ги чуваат како спомен. Така Шварценегер, меѓу многуте реквизити, решил да го задржи костимот на господин Фриз од споменатиот филм.
За да го преземе костимот, тој морал да потпише правен договор во кој ќе наведе дека ќе изврши годишна симболична исплата, во овој случај еден долар годишно.
Давајќи му на студиото еден долар годишно, актерот може да го задржи костимот долгорочно, но тој сепак е во сопственост на студиото. Ова значи дека кога Шварценегер ќе почине, костимот најверојатно ќе се врати во Warner Bros и нема да биде дел од неговото наследство.