Познати

НЕМА ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ: Еве како денес изгледа детективот Мозер од серијата „Инспектор Рекс“ (ФОТО)

Актерот за две дена (11 јули) ќе го прослави својот 65 роденден.

НЕМА ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ: Еве како денес изгледа детективот Мозер од серијата „Инспектор Рекс“ (ФОТО)

Австрискиот актер Тобијас Морети на нашите простори е познат по улогата во култната криминална серија Инспектор Рекс, во која четири години го глумеше детективот Ричард Мозер.

Како прв сопственик на познатиот германски овчар, Морети освои најмногу симпатии кај публиката, а серијата ја напушти затоа што сакаше да работи на нови ангажмани. Тоа се покажа како лоша одлука, бидејќи ниту една од неговите подоцнежни улоги не успеа да ја надмине онаа на детективот Мозер.

Морети завршил студии за композиција на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, а земал часови по глума во школата Ото Фалкенберг во Минхен.

Од 1997 година е во среќен брак со обоаистката Јулија и имаат три деца. Покрај актерството и музиката, тој и неговата сопруга водат семејна фарма во Инсбрук, каде што одгледуваат стока за месо и произведуваат органски производи.

Серијата Инспектор Рекс првпат се емитуваше пред 30-тина години, а ги освои срцата и на возрасните и на децата поради главниот лик на кој ретко кој останува имун.

To top