Познати Тагата ги спои

Не зборуваа 20 години: Жарко и Мима беа кумови, но една трагедија ги раздели, а друга ги спои

Нивното помирување се случи на погребот на Драган Николиќ.

Не зборуваа 20 години: Жарко и Мима беа кумови, но една трагедија ги раздели, а друга ги спои

Актерот Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст на 15 ноември, по битка со тешка болест. Со емотивни зборови од него се простија бројни јавни личности и колеги, а еден од нив беше и Мима Караџиќ.

– Патувај со ангелите, мој добар куме, и поздрави ги сите наши драги и најблиски, ги има таму многумина, напиша Мима на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mima Karadzic (@karadzicmima)

Сепак, многумина не знаат дека двајцата долго не зборувале.

Имено, Мима Караџиќ и Жарко Лаушевиќ биле големи пријатели, а Жарко бил кум на венчавката на Мима со Сунчица Ѓуриќ во 1992 година.

По кобното пукање, кога Жарко уби две лица, а рани едно, тие двајца прекинале секаков контакт и не зборувале 20 години.

Нивното помирување се случи на погребот на Драган Николиќ.

-Мима е близок со семејството на еден од убиените момци и кога тоа се случи, ја прекина секоја комуникација со Лаушевиќ. Сиве овие години никогаш не го спомна, го избриша од животот, откри извор на српски медиуми.

И додека другите актери посакуваа враќање на Лаушевиќ во Србија, Мима одбиваше да зборува за него во интервјуата.

To top