Познати

„НЕ ТИ КАЖАВ, АМА ТИ ЗНАЕШЕ ДЕКА МИ БЕШЕ ИДОЛ“: Се огласи ќерката на Џаро, вака се прости Милица од својот татко (ФОТО)

„НЕ ТИ КАЖАВ, АМА ТИ ЗНАЕШЕ ДЕКА МИ БЕШЕ ИДОЛ“: Се огласи ќерката на Џаро, вака се прости Милица од својот татко (ФОТО)

Легендарниот менаџер Велибор Џаровски – Џаро, почина денес на 75-годишна возраст, по кратко боледување. Зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка, која минатата година ја издаде книгата ,,Живот на коцка” посветена на својот татко.

Веста за неговото испраќање ја објави неговата ќерка Милица, која се прости со него со зборовите:

-Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. „Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“.

Инаку тој беше менаџер во времето кога менаџерството беше непризната професија, човек кој не признава просечност и пораз, незауздан ум кој не се плаши да ги премине границите.

Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари.

Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали, тој остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање.

Најнови вести од Познати

To top