Пејачката Гоца Тржан неодамна гостуваше во една емисија каде си ја отвори душата и зборуваше за интимни детали од приватниот живот.
Еден од моментите кои ги издвои е смртта на нејзината баба Цвета, која Гоца многу ја сакаше. Таа емотивно опиша како помина низ тој тежок период со семејството, потенцирајќи дека губењето на баба Цвета остави неизбришлив белег во нејзиното срце.
-Никогаш нема да заборавам кога баба ми Цвета почина, личност која ја сакав најмногу на светот. Ја погребавме, а јас отидов да пеам таа вечер, рече пејачката.
Гоца се осврна и на темата за бракот со Иван Маринковиќ, нагласувајќи дека оваа тема била присутна во текот на целиот нејзин живот, иако причината за тоа не и е јасна. Таа истакна дека не сака сенката на нејзиниот прв брак да влијае на нејзиниот сегашен живот и врска со нејзиниот сегашен сопруг. Таа нагласи дека во сегашниот брак и врска поминала повеќе време отколку во претходната и дека не сака минатото да биде товар на сегашноста.
-Мене не ме следи сенката на мојот прв брак. Некој друг сака да го искористи тоа. Тоа беше пред 13 години, во брак сум и три пати подолга сум во врска со сегашниот сопруг, отколку што со првиот сопруг бев во врска и брак, изјави Гоца.