Познати Поткаст

Најпознатиот македонски текстописец Огнен Неделковски во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Неговите текстови во своите песни  ги испеале најголемите македонски музички изведувачи од неговото време. Познат по соработка со Тоше Проески во која 26 негови текста се интерпретирани од македонскиот музички ангел. Некои од нив се и неговите најпознати хитови, како: „Тајно моја“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Има ли ден за нас“, „Излажи ме уште еднаш“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“…

Најпознатиот македонски текстописец Огнен Неделковски во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Тој е урбан, градски тип, но непоправлив романтичар. Роден е на 13-ти февруари 1972 година во Скопје.  Дипломирал драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1994, во класата на проф. Горан Стефановски. Магистер по драматургија станува во 2018 година каде магистрира на ЕФТА во Скопје, со оценка 10.

Работел на неколку проекти како сценарист во Македонска радио-телевизија (МРТВ). Бил на позиција раководител во Советот за радиодифузија на Република Македонија, сега Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, каде што сè уште работи. Автор – текстописец е со над 1.500 напишани песни („детски, забавни, народни“) , но создал и други креативни проекти.

Неговите текстови во своите песни  ги испеале најголемите македонски музички изведувачи од неговото време. Познат по соработка со Тоше Проески во која 26 негови текста се интерпретирани од македонскиот музички ангел. Некои од нив се и неговите најпознати хитови, како: „Тајно моја“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Има ли ден за нас“, „Излажи ме уште еднаш“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“…

Признат и наградуван пет пати како текстописец на годината на најрелевантната манифестација која го валоризираше креативниот труд на авторите и изведувачите во самостојна Македонија, познатите „12 Величествени“.  Во 1998 година ја добил и наградата „Златната Буба Мара на популарноста“ за најдобар текстописец.

Трипати добитник на награда за најдобар автор на фолк текстови во Македонија.

Автор е на монографијата за Спомен куќата на Тоше Проески. Автор на либретото за музичките и сценските проекти, на пример мјузиклот „Тајно моја“. Напишал роман за тинејџери – „Ловци на лажни вести од зграда 39“.

Соработувал на сценарија за кратки филмови, како краткиот игран филм „Жарче“ (режија: Томислав Алексов) и напишал сценарио за „Фауст во Д-мол“.

Познат како еден од носечките современи македонски текстописци, чија работа влијаела на развојот на македонската поп и фолк музика од осамостојувањето на Македонија, па се до ден денес. Присутен и во проекти за деца („Светот на Биби“), каде треба да го збогати творечкиот тим со неговото искуство.

Токму неговото присуството на фестивалот „Охрид фест“ – Охридски трубадури“  каде годинава поторно доби награда, го искористивме за гостување во летната, студиски  дислоцирана верзија на интер ток шоуто „Ништо лично“, каде со најпознатиот македонски текстописец и лирски автор разговараше вашиот поткаст домаќин Антонио Димитриевски.

За почетоците и чудната средба со поп ѕвездите Владо Јаневски и Роберт Саздов на неговото прво учество на Макфест, за фестивалите и манифестациите, интересните случки на и особено зад сцената, за местените и реалните награди, за ЗАМП и (не)правилната распределба на авторските права, за односот на државата кон естрадата, за соработката со најголемите македонски поп и фолк ѕвезди – од Тоше Проески до Гоце Арнаудов…

За креативноста, лириката и начинот на создавање текстови за песните, за личното исуство и приватните моменти вткаени во некои од нив,  за состојбите на македонската естрадна сцена, за тајфите и клановите, колегијалноста и љубомората, за влијанието врз него на неговиот татко – писателот за деца Велко Неделковски, за приватноста и животот со неговата сопруга, музичката новинарка Соња Алексоска – Неделковска, за наследникот Филип кој тргнал да чекори по трнливиот музичкиот пат…

И за уште илјада и едно нешто што не сте го знаеле или некаде само сте  наслушнале нешто слично, ќе го слушнете и дознаете од прва рака само овде, во интер ток шоуто „Ништо лично“…  Овој пат од нашиот и ваш гостин, познатиот текстописец, писател и автор, Огнен Неделковски.

Премиерата на поткастот оди вечерва, среда, 17-ти септември од 20.00 часот ексклузивно на YouTube каналот на КурирМК ( .

To top