Бора Ѓорѓевиќ и Рибља чорба имаа подготвени песни за нов албум.
Желбата на Бора беше албумот, кој инаку зборува за неговата борба за лечење, да излезе на неговиот роденден, 1 ноември.
За жал, легендарниот музичар не го дочека новото издание кое ќе се вика „Љубов или смрт“.
Доколку семејството се согласи, албумот ќе се објави на роденденот на Бора, кој ќе има многу силна симболика.
Рибља чорба има издадено 23 студиски албуми.
Да потсетиме, Бора Ѓорѓевиќ почина на 72-годишна возраст во Љубљана, а неговите бројни хитови ќе живеат.