Весна Писаровиќ го освои цел Балкан со хитовите „Dolje na koljena”, „Da znaš”, „Sasvim sigurna”, но во еден момент се повлече од сцената, а подоцна се сврте кон друг жанр.
Пејачката беше популарна во 2000 година, кога нејзините песни беа на врвот на сите топ листи, но во екот на славата реши да направи пауза од кариерата.
Весна пред 15 години се омажи за Озрен Пуповац, син на Милорад Пуповац, хрватски политичар со српско потекло и со него се пресели во Берлин. За неа не се слушаше со години, а потоа реши да и се врати на музиката, но на сосема поинаков жанр – џез.
-Можам само да кажам дека во никој случај не жалам за оваа радикална одлука да се свртам кон џезот, кој и покрај многу трнливиот пат од повеќегодишни подготовки, разни жртви и секојдневна дисциплина, всушност постојано и неисцрпно се исполнува, рече еднаш Весна.
-Се започна пред многу години кога во еден момент се осмелив да остварам некои долгогодишни соништа. Бидејќи отсекогаш сум го сакал џезот, а немав можност да учам на конзерваториум освен во основно музичко училиште, сфатив дека е страшно да се пропушти шансата за тоа. Но, попатно доживеав и буквална трансформација: средбата со џез музичарите толку многу ме маѓепса што нема враќање назад, истакна пејачката.
Весна и понатаму изгледа прекрасно, а многумина коментираат дека за неа времето како да застанало.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram