Познати Порота

На славниот холивудски продуцент нема да му се суди за непристојно допирање на жена – ова се деталите

Судот во Лос Анџелес во 2022 година го осуди за силување на актерка во тој град.

На славниот холивудски продуцент нема да му се суди за непристојно допирање на жена – ова се деталите

Британските обвинители денеска соопштија дека се откажале од обвиненијата против поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин за непристојно допирање на жена.

-По прегледот на доказите во овој случај, ЦПС одлучи да ја прекине казнената постапка против Харви Вајнстин, изјави Френк Фергусон, шеф на Одделот за специјални казнени дела и борба против тероризмот на Кралското обвинителство (ЦПС).

-ЦПС има должност континуирано да ги преиспитува сите случаи и одлучивме дека повеќе нема реални изгледи за осуда“, додаде тој.

Кога ги одобри обвиненијата пред две години, ЦПС соопшти дека наводниот инцидент се случил во август 1996 година во Лондон, а полицијата рече дека станува збор за жена која сега има 50-ти години. Вајнстин (72) негираше дека имал секс без согласност со некого.

Поротата на Менхетен го прогласи за виновен за силување во февруари 2020 година, но Апелациониот суд во Њујорк ја поништи таа пресуда во април, оценувајќи дека судењето не било неправедно бидејќи судијата погрешно дозволил сведочење од луѓе за кои Вајнстин не бил формално обвинет дека ги нападнал.

Судот во Лос Анџелес во 2022 година го осуди за силување на актерка во тој град.

Најнови вести од Познати

To top