Познати Жената со божествениот глас

На денешен ден е родена Есма Реџепова: Вечна слава за нашата Кралица на ромската музика и хуманистка

Таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност. Починала на 11 декември 2016 година, во Скопје.

На денешен ден е родена Есма Реџепова: Вечна слава за нашата Кралица на ромската музика и хуманистка

На денешен ден во 1943-та година, родена е Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка.

Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки. Во 2013 ја добила престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината.

Жената со божествениот глас почнувајќи од првите младешки музички успеси стана светски прифатена и призната.

Таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Починала на 11 декември 2016 година, во Скопје.

To top