Познати

„На Чолиќ му фрлија бомба поради рекет“: Весна Змијанац открива се’ за нападот

Пејачката зборуваше без „да витка во обланди“.

„На Чолиќ му фрлија бомба поради рекет“: Весна Змијанац открива се’ за нападот

Пејачката Весна Змијанац вчера во разговор со новинарите, се осврна и на случајот со фрлањето бомба врз куќата на колегата Здравко Чолиќ.

– Тоа не е добро. Тоа е класичен рекет, тоа е лошо време. Ме потсетува на некое минато време, тоа не е добро. Никогаш немав обезбедување, но јас сум друга приказна. Воопшто не ми се допаѓа тоа – рече популарната фолк пејачка.

Српската полиција приведе две лица осомничени за напад врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград.

На почеток од месецот беше фрлена бомба врз куќата на Чолиќ на Дедиње во Белград. Немаше повредени во инцидентот, предизвикана беше само голема материјална штета.

To top